ПОСЕБНИ ЦЕЛИ

Заради остварување на својата основна цел и постигнување на поширок општествен интерес СС Златоврв има дефинирано посебни цели како:

  • обука, тренинг и вежби за оспособување за заштита, спасување и помош;
  • подобрување на еколошката свест, заштита на животната средина, животните и природата;
  • спасување на луѓе, добиток и материјални добра, во урбана и рурална средина;
  • спасување од карпи и непристапни терени како клисури, кањони, пропасти, пештери и сл.;
  • спасување на луѓе и добра во индустриски објекти (непристапни места, кранови, фабрички оџаци, силоси, брани, мостови, рудници и сл.);
  • спасување на луѓе и добра на непристапни места во урбана средина (кровови, фасади, мостови, лифтови, бунари, обиди за самоубиство и сл.);
  • спасување на туристи во скијачките центри (повредени скијачи, евакуација на луѓе од блокирани жичници, други интервенции на жичниците, настрадани во лавина и сл), како и едукација на локалниот персонал за основните подготвителни постапки за спасување и прва помош;
  • спасување на лица вработени во шумските стопанства, како и нивна подршка и едукација за постапки при различни ситуации;
  • мониторинг за опасност од шумски пожари и други еколошки катастрофи.
  • евакуација на луѓе и други добра од непристапни терени при елементарни непогоди;
  • доставување храна, санитетски материјал, медицинска помош и други добра до отсечени населени места во зимски услови и други непогоди;
  • пребарување, спасување и укажување прва помош при елементарни катастрофи (земјотреси, поплави, лавини од поголем интензитет, одрони на земја, блокирани планински патишта и сл.);
  • пребарување, спасување и укажување прва помош при сообраќајни незгоди со поголем обем (авионски, железнички, патни и други несреќи на планински или непристапен терен);
  • поддржување и обезбедување секаков вид на отворен јавен настан, натпревари, семинари, експедиции, и сл.;
  • подршка на екипите на Електростопанство, Телеком, Радиодифузијата, Водостопанството и сл., при потреба од интервенции на непристапни терени или во неповолни временски прилики;
  • организирање на настани со натпреварувачки карактер, планинарски тури, чистење и чување на планинарските патеки;
  • издавање стручна литратура, пропагандни материјали за превентивно делување против несреќите од ваков вид;
  • едукација на населението за превземање правилни постапки при елементарни катастрофи и несреќи од ваков тип;
  • поврзување со останатите служби во земјата и странство, меѓународна афирмација

За остварување  на своите цели, Здружението пред себе си поставува повеќе задачи, како: 

  • работа преку органите и телата на Здружението;
  • дејствување и активности на членството;
  • организирање, иницирање и учество на едукативни семинари, советувања, истражувања, манифестации, собири, јавни промоции и други форми на манифестации организирани во земјата и во странство;
  • печатење и издавање на весници, списанија и други печатени изданија, публикации и останати форми на медиуми, заради поттикнување реформи, иницијативи и учество во работата на комисии и други работни тела за прашања од разни области и подготвување на законски и други прописи;
  • остварување на меѓусебна соработка со Министерствата и органите во состав на министерствата при Владата на С. Македонија, локалната самоуправа, соработка со меѓународни институции и фондови со што би се овозможило информирање и влијание во јавноста.