Вежба 2020 Шаторов Камен

Сценарио:

  • Спасување во Зимски услови – Извлекување од провалија и транспорт на носило преку жичара до амбулантно возило.

На ден 12.02.2020год  Среда, одржана е спасителна вежба под име “ Спасување во зимски услови  – Вежба 2020”, на местото викано Шаторов Камен, кое е во непосредна близина на Градот Прилеп. Во вежбата учествуваја 15 членови на Тимот Златоврв.

Како што веќе ни е познато посетеноста на граѓаните да ги посетуваат планините е се почеста и процентот е се поголем и поголем што ни претстсвува посебно задоволство. Зимските услови секогаш се потешки за разлика од летните планинарски патеки кои ги посетуваме во околината на Прилеп. Така и на Шаторов Камен кое претставува симбол за рекреативно планинарење на Прилепчани, место кое е блиску до градот и многу граѓани  за време на викенд го посетуваат, да испешачат, да прочитаат книга во природа, да направат тренинг, да истрчаат и слично. И полека тоа станува навика да во викенд повторно одиш и да бидис дел од природата. Зимските услови бараат соодветна облека, обувки и опрема, многу повеќе одговорност и внимавање додека се движеме низ снегот, и ладното време.  

Како  мотив и инспирација дека се повеќе е зголемен бројот на луѓе кои сакаат да го поминат своето време во планина, решивме да направиме спасителна вежба во зимски услови на ова место. Спрема сценариото деца кои пешачеле низ местото Шаторов Камен наидуваат низ карпест дел кој е стрмен, нивната љубопитноста ги тера да погледнат, да зирнат што има во провалијата и за жал едно девојче кое нема соодветни обувки за во зимски услови се зализнува и паѓа во провалија од 20тина метри, непомошни да и помогнат останатите другарчиња се јавуваат кај нас и ние веднас се подготвуваме и се упатуваме кон местото. Го разгледавме теренот кој иако ни е доста познат, поставувме сидришта, ги поделивме нашите обврски и тргнавме кон провалијата да се спуштаме, кога стасавме девојчето беше преплашено, со мали повреди по телото и шината десна нога која не можеше да пешачи. Девојчето го транспортиравме во спасителното носило го извлековме од провалијата и започнавме со спуштање преку 90 метарска жичара која ја подготвивме за транспорт на носилото. И преку жичарата го превзедовме носилото и го предадовме на амбулантното возило.

Вежбата ја завршивме на високо професионално ниво, употребувавме различни техники на единечно јаже, бевме поделени во три тима, тим 1 беше пристап до повреденото лице и помош при извлекување, тим 2 го превзеде лицето од точка 2 и преку жичара го спушти до тим 3 кој го превзеде носилото и го предаде на амбулантното возило.

Со оваа вежба уште една покажавме дека тимот за Спасување Златоврв е подготвен во секое време да одговори за било какви проблеми и потреби на сите оние кои им е неопходна помош во планински и тешко планински подрачја.

https://www.facebook.com/pg/skzlatovrv/photos/?tab=album&album_id=2735842356484762

Leave a Reply

НОВОСТИ

Dafina Bogeska

ЈРС вежба – Скалар 2018

Од 26 до 30 септември 2018 година, JRS (Јамарска решавална служба) организира меѓународна вежба – Скалар 2018. Приближно 130 спасувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Босна

Прочитај Повеќе
Dafina Bogeska

Вежбалиште Хала Металец

Со започнувањето на посериозните тренинзи околу техниките на единечно јаже и барање решение за подобар пристап како да најдиме ново вежбалиште кое ќе биди поблиску

Прочитај Повеќе
Dafina Bogeska

Вежба 2020 Шаторов Камен

Сценарио: На ден 12.02.2020год  Среда, одржана е спасителна вежба под име “ Спасување во зимски услови  – Вежба 2020”, на местото викано Шаторов Камен, кое

Прочитај Повеќе
Dafina Bogeska

Спасителна вежба “Прилеп 2019”

На ден 23.10.2019год за прв пат во нашиот град а и пошироко е организирана ваква показна вежба за спасување во урбана средина, поточно зпасување од највисоката кула во градот Прилеп, 13-катница.
На вежбата учество зедоја 20 членови од Тимот за Спасување на Златоврв.

Прочитај Повеќе