За нас

Здружение за заштита и спасување СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА ЗЛАТОВРВ Прилеп е организација чија основна дејност е спасување и извлекување од непристапни терени, основана заради остварување на потребата од заштита и спасување, како и остварување на поширок општествен интерес преку што се задоволуваат потребите од стручна помош во согласност со Уставот и законите на Република С. Македонија.

Здружението е формирано на иницијатива на спелеолозите од Спелеолошкиот клуб Златоврв, кои пак потекнуваат од Планинарскиот клуб „Златоврв” од Прилеп со чие основање во 1924 г. започнува организираната форма на планинарството во Македонија. Локацијата на која дејствува е територијата на Општина Прилеп, но по потреба истата дејствува и на територијата на цела држава.

ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Целта на здружението е да се вклучи активно во системот за спасување во С. Македонија, поврзувајки се пред сѐ со државните институции задолжени за решавање на овој проблем, но од друга страна, СС Златоврв врши и интензивни контакти за склучување договори за соработка со деловни субјекти во С. Македонија кои се поврзани или можат да бидат поврзани со дејноста на спасувањето.

Во Законот за заштита и спасување оваа група ентузијасти гледа одлична можност да се започне со ставање ред во хаосот со спасувањето во С. Македонија и да се започне со градење систем за негово трајно решавање.

 

 

НАША МИСИЈА

Нашата мисија се состои од неколку генерализирани целни точки, како:

  • да вршиме обука на кадри од областа на спасувањето на планина и непристапни места во рурална и урбана средина;
  • да ги обединиме сите квалитетни потенцијали во С. Македонија од невладиниот сектор кои можат и сакаат да се вклучат во дејноста на спасувањето;
  • да ја шириме идејата за спасувањето и помагањето меѓу населението во С. Македонија, посебно меѓу младите;
  • да влијаеме врз институциите на системот со цел превземање правилни мерки за изградба на ефикасен европски и светски систем за спасување.

ИДНИ НАСТАНИ

Претплатете се за да добивате информации

Планинска трка

October

12 - 13

ВО ПРИРОДА

October

21 - 23

КАЧУВАЊЕ

October

24 - 21

СКИЈАЊЕ

November

12 - 13

ВО ПЕШТЕРА

September

28 - 30

Freestyle

October

14 - 16

Совети за безбедно движење

Бидете 100% сигурни со нас !

Погледнете ги нашите совети за безбедно движење при:
- Планинарење
- Качување
- Планински велосипедизам
- Скијање
- Активности на вода
- Спелео нуркање

галерија

ФОТО ГАЛЕРИЈА

  X-PRESS SERVICE

Во секое врме можете да не контактирате на нашиот контакт телефонски број, преку емаил или преку, чат апликацијата на нашатавеб страна или преку социјалните мрежи на следните линкови.